fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Тутунарите најавуваат бојкот на откупот, не прифаќаат ни 400 денари за кг. тутун

Ѓорги Каракашев-Национална земјоделска мрежа-600 денари е реалната просечна цена за килограм тутун

Тутунарите најавуваат бојкот на откупот, не прифаќаа ни 400 денари за кг. тутун. Откупот според законскиот рок почнува за два дена на 15 декември, вели Ѓорги Каракашев претседател на  Националната земјоделска мрежа.

-Чекаме да видиме со кои цени ќе истапат откупувачите, дали ќе извршат корекција на цените во нагорна линија, ако не мислам дека  тутунарите нема да го предаваат тутунот.  Сите се свесни дека со таа цена нема да ги покријат основните трошоци, па камоли да створат некои елементарни услови за живеење, изјави Каракашев.

На 7 декември Националнаа земјоделска мрежа и Тутунска надеж испратија допис до МЗШВ да биде медијатор меѓу откупивачте и тутунарите. Засега нема повратен одговор.

Каракашев вели дека 600 денари е реалната просечна цена за килограм тутун за оваа реколта.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close