fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бачовски – Доделени 206 решенија за финансиска поддршка за мерката – Бизнис план

Инвестициите предвидуваат набавка на земјоделска механизација, силоси, опрема за производство на тутун, системи за навигација и смарт земјоделство, пчеларска опрема, машини за разбивање на мраз и друга опрема која ќе ја олесни работата на земјоделците и ќе ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на нивното производство. 

Доделени 206 решенија за финансиска поддршка за мерката – Бизнис план
206 индивидуални земјоделци и компании кои вршат земјоделска дејност се стекнуваат со финансиска поддршка од 1.5 милиони евра за реализација на инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства.
Инвестициите предвидуваат набавка на земјоделска механизација, силоси, опрема за производство на тутун, системи за навигација и смарт земјоделство, пчеларска опрема, машини за разбивање на мраз и друга опрема која ќе ја олесни работата на земјоделците и ќе ја зголеми продуктивноста и конкурентноста на нивното производство.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко – финансирање во висина од 50 – 75 % од реализираната инвестиција.
Модернизацијата на земјоделските стопанства е еден од главните приоритети на Владата и надлежните институции.
Преку програмата за рурален развој и ИПАРД програмата поддржуваме илјадници корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори, механизација, опрема за преработка, набавка на добиток, подигнување и ревитализација на насади и системи за наводнување.
Честитки до сите добитници и успешна реализација !
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close