fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Оризовиот отпад како дизајн материјал – на креативноста на учениците од Виница се воодушеви и кинескиот амбасадор

Оваа врвна иновација нуди силен потенцијал за да се намали екстензивното согорување на оризовата слама и неговото негативно влијание врз животната средина и климата воопшто

Под слоганот „Како може оризовиот отпад да се трансформира во дизајн?“, Македонското модно здружение – Скопје заедно со дваесетина млади ученици од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, во петок (15.12.2023), приреди изложба на тема „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн-суровина во Општина Кочани и во Општина Виница“, во Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница.

Амбасадорот на Народна Република Кина во Скопје, Неговата Екселенција Џанг Ѕуо и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков беа дел од гостите на изложбата.

Преку практични работилници, теоретска настава и креации, учениците од СОУ „Ванчо Прке“ – Виница покажаа како може да се развијат нови дизајни на производи од оризовиот отпад (арпа/ слама), како главен предмет за истражување. Со уметност и иновација, тие покажаа на каков начин може да се искористи потенцијалот на земјоделскиот отпад како алтернативна суровина во производството и дизајнот.https://nezavisen.mk/

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close