БАРАЊЕТО РЕАЛНА ЦЕНА ЗА ТУТУНОТ Е ЛЕГИТИМНО Левица смета дека лошите владини политики се причина за бојкотот на тутунарите
Како што соопшти партијата, таа очекува бојкот на откупувачите од страна на тутунарите да продолжи додека не им се исполнат барањата за исплата на реална производствена цена.
Лошите владините политики овие години во однос на тутунот, а и сите други земјоделски производи, доведоа до намалување на производството и на посеаните површини велат од партијата Левица која им дава поддршка на легитимните барања на тутунопроизводителите кои деновиве го бојкотираат откупот на оваа култура.
Како што соопшти партијата, таа очекува бојкот на откупувачите од страна на тутунарите да продолжи додека не им се исполнат барањата за исплата на реална производствена цена.
-Цената која им се нуди од 300 ден за килограм прва класа е прениска за вложените инпути и тутунарите бараат истиот да се плати по 600 ден килограм. Годинешниов род на тутунот е квалитетен и според Сојузот на земјоделци, се цени на околу 13 000 тони – велат од Левица.