120 битолски семејства, се под закрила на Хуманитарната организација „Утешител“
Битола го празнува својот заштитник, Свети преподобен Нектариј Битолски. 120 битолски семејства, се под закрила на Хуманитарната организација „Утешител“, благочестиви, побожни добри и милостиви луѓе и општествено одговорни компании од Битола
120 битолски семејства, се под закрила на Хуманитарната организација „Утешител“, благочестиви, побожни добри и милостиви луѓе и општествено одговорни компании од Битола
Битола го празнува својот заштитник, Свети преподобен Нектариј Битолски.
120 битолски семејства, се под закрила на Хуманитарната организација „Утешител“, преку благочестиви, побожни добри и милостиви луѓе и општествено одговорни компании од Битола.
Синоќа на платото пред Офицерскиот дом во Битола активисти на Здружението „Утешител“ и битолската компанија „Синпекс“ Битола поделија 200 порции и пакетчиња со зготвена храна по повод денешниот празник посветен на покровителот на Битола – Преподобен Нектариј Битолски.
„Х.О Утешител, од 2005 година, според можностите, се труди со помош Божја да остварува трајни хуманитарни проекти и акции, кои се надеваме, ќе допринесат за ублажување на материјалните потешкотии на нашите сограѓани, а исто така и за нивна духовна поткрепа и утеха. Наша целна група се семејства од ранливи категории, повеќедетни семејства, самохрани мајки и семејства со болни лица на кои им е потребна нега и поддршка, без разлика на нивната национална и верска припадност. Се помага пред се со храна и облека, но според можностите се помага и со лекови, како и со парични средства за кирии, сметки, хранарина за деца, т.е за подмирување на основните трошоци за живот. Главната наша цел и идеја, не е само материјално да ги згрижиме луѓето, туку преку материјалната подршка да се дојде до основаната наша мисија, а тоа е духовна поткрепа и утеха на тие лица, за полесно да се изборат со сите искушенија и премрежја во животот. Да почувствуваат дека не се отфрлени, маргинализирани, несакани, но прифатени, сфатени и искрено братски подржани како наши ближни. А во сите нив е образот Божји. И сите ние имаме одговорност пред Бога и ближните за тие страдални души кои се нашле во таква тешка состојба. За таа цел, ние ги посетуваме овие семејства, разговараме со нив, и се трудиме да им приредуваме скромни радости во животот. Организиравме, со подршка на туристички организации, три години по ред, седумдневен одмор во Грција за цели семејства, им организираме екскурзии, родендени, а нивните деца ги носиме на летни кампови“, вели Драги Анастасовски од „Утешител“.
Љуба Орданова, мајка на три малолетни деца, синоќа им понесе дома зготвена и топла вечера по повод празникот на градот.
„Две деца ми се со посебни потреби, а едното има и здравствени проблеми и оваа организација со години наназад ми помага со храна, облека, дрва, сметки, лекарства. Јас сум самохрана мајка и тешко се справувам со обврските. ‘Утешител’ е покрај нас, во сите наши премрежја. Овие луѓе ни се од голема помош“, вели Орданова.
„За жал од година во година бројот на наши штитеници се зголемува, а последиците не се само од транзицијата, туку и од здравствени, психолошки причини, трауми и слично. Затоа секој кој што смета дека треба да им помогне на овие семејства убаво е да донира, за нашите сограѓани, наши штитеници да почувствуваат дека некој ги сака, ги цени, да почувствуваат дека се дел од заедницата, како и сите други“, вели Жарко Ѓуровски од „Утешител“.
Од ХО “Утешител“, заедно со сите хумани, благочестиви луѓе кои досега помагале, испраќаат апел, битолчани пак да бидат Обител, да ја покажат својата хуманост и милосрдие кон своите сограѓани, да донираат според можностите, за Битола да стани едно големо љубовно семејство, како што на времето била. Бидејќи се вели: “Се што правиме за себеси е кратко, минливо и умира со нас, а се што правиме за другите е трајно, вечно и бесмртно.” Хуманитарната организација „Утешител“ е доброволно и добротворно здружение кое функционира од 2005 во Битола, најпрво со народна кујна во црквата Св. Димитрија во Битола, а потоа од 2007 година со народна кујна во црквата Пресвета Троица во Битола, попозната како Руската црква. За големиот христијански празник Рождество Христово-Божиќ, Хуманитарната организација „Утешител“ најавува нова хуманитарна акција, во која на штитениците на организацијата ќе им се поделат божиќни пакети, со цел да можат достоинствено и во духот на христијанската традиција, да го дочекаат големиот празник. „За Божиќ, кога Бог заради нас станува човек, за ние да се обожиме, ги повикуваме битолчани, поединци и општествено одговорни компании да донираат во една акција која ја насловуваме: ‘Од душа – за душа’.