Владата со нова одлука поврзана со трговијата со земјоделски производи
Утврден текстот на предлог законот за забрана на нефер трговски практики, во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи
Креирањето соодветна правна рамка за оваа област, за прв пат во Македонија, како што е образложено од Министерството за економија, јасно ги дефинира основите, правилата и мерките за отстранување на нерамнотежа во преговарачката моќ.
Станува збор за примена и целосно хармонизирање со европски директиви за нефер трговски практики во односите меѓу претпријатијата во синџирот на снабдување со земјоделство и храна – треба да обезбеди примена на европските практики во целокупниот синџир на снабдување со земјоделски и прехранбени производи, како и во поглед на поширокиот опсег на неговиот предмет на уредување.
Се очекува, да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот снабдување со земјоделство и храна во различни фази на производство, преработка, маркетинг, дистрибуција и малопродажба на земјоделски и прехранбени производи и соодветна примена на забраните на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи. Исто така, се обезбедува начин за поефикасни контроли и надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата, којашто добива дополнителна надлежност.