fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

41 годишен жител на село Агларци е жртва во сообраќајката што синоќа се случи во Пелагонија

Во сообраќајката учествуваат неколку возила од Битола и Ресен и возило со албански регистарски таблички

На 19.12.2023 во 18.53 часот, на регионалниот пат Битола – Маково случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило марка „ сеат”со битолски регистарски ознаки управуван од С.Н.(41) од с.Долно Агларци,Општина Новаци и сопатници во возилото М.С.Н.(36) и две деца на возраст од 6 и 10години, патничко моторно возило марка „бмв” со ресенски регистарски ознаки управуван од Ј.В.(29) од Ресен и сопатници Д.В.(64) ,Р.В.(29) од Ресен , патничко моторно возило марка „рено”со битолски регистарски ознаки управуван од Ј.О.(48) од Битола и товарно моторно возило марка „даф” со прикачена полуприколка со албански регистарски ознаки управуван од В.К.(38) од Р.Албанија.

Во несреќата од здобиените повреди возачот С.Н.(41) починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, додека со тешки телесни повреди се здобиле децата на возраст од 6 и 10 години,Д.В.(64) а, Ј.О.(48) и Ј.В.(29) се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка Болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола во присуство на јавен обвинител, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close