fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Студентите да се пријават за ваучер за превоз од 600 до 1.200 денари

До 10.800 денари добиваат учениците од средно до крајот на школската година, и до 7.200 денари  по ученик добиваат учениците од основно, стои во соопштението од СДСМ.

Во тек е пријавувањето за финансиската поддршка за превоз на студентите која владата  ја обезбеди со новиот пакет антикризни мерки. Со мерката 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно.

-Им помагаме и го унапредуваме стандардот на студентите од семејства со месечни примања до 50.000 денари.Рокот за аплицирањето е продолжен и трае до понеделник, 25 декември. Ги повикуваме студентите да се пријават само преку електронскиот портал на Mинистерството за образование.Студентите е потребно да прикачат само неколку документи како доказ дека се студенти, трансакциска сметка и доказ за висина на месечниот билет за меѓуградски превоз од местото на живеење до местото на студирање.Може да биде фотографија од месечен билет, фискална сметка или „принтскрин“ од цените објавени на веб-страницата на превозникот.

До 10.800 денари добиваат учениците од средно до крајот на школската година, и до 7.200 денари  по ученик добиваат учениците од основно, стои во соопштението од СДСМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close