fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Маж паднал во бунар, го спасиле прилепските пожарникари

После три часа акција

Регионалниот ЦУК Битола соопшти дека пожарникарите од Територијалната противпожарна единица во Прилеп со три пожарникари и едно возило извршиле спасителна акција и извлекувале лице паднато во бунар помеѓу селата Црнилиште и Гостиражни во Општина Долнени. Акцијата траела скоро три часа.

– Лицето било живо, но повредено и со возило на Брза помош е пренесено во болницата во Прилеп. За природата на повредите нема податоци, но човекот го извлекле од бунарот и го спасиле, се наведува во соопштението.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close