Каракашев-Законот за тутун дава можност за корекции на цените со aнекс на договорите
Под итно откупните фирми да го применат Член 18 и да ги поткренат цените до ниво кое ќе обезбеди економско работење и контуитет во понатамошното производство на тутун.
СО НОВОТО ЗАКОНСКО РЕШЕНИЕ ЗА ТУТУН ТУТУОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ СЕ КОМПЛЕТНО ДИСКРИМИНИРНИ ОБЕСПРАВЕНИ
Почитувани тутунопроизводители
Овогодишниот проблем со откупот на тутун е како последица на измени во Законот за тутун поточно со бришење на Член 12 од стариот закон и вметнување на нов Член 13 и Член 14 со што на нас како тутунопрлизводители и еден од трите социоекономски партнери во целост ни се одземени правата и можноста на било кој начин да влијаеме на договорите и цените што ни се понудени во истите. Што значи дека ова е еден дискриминирачки закон поради кои е настанат целиот проблем околу овогодишниот откуп. Сојузот и ресорното министерство биле и се добро запознаени околу содржината на новото законско решение, но зошто не реагирале благовремено не знаеме, сепак одговорноста е кај нив.
Почитувани и покрај се, законот според Член 18 нуди можност за корекции на цените со Анекс на договорите помеѓу нас тутунопроизводителите и откупните фирми во делот на корекција на цените во нагорна линија. Ние како Национална земјоделска мрежа апелираме под итно откупните фирми да го применат Член 18 и да ги поткренат цените до ниво кое ќе обезбеди економско работење и контуитет во понатамошното производство на тутун. Се што е спротивно на ова сметаме дека е груба манипулација на тутунопрлизводителите и чист грабеж на нашето производство и води кон сигурна пропаст на ова важна стопанска гранка. Во ова прилика јавно укажуваме дека ќе ги искористиме сите првни норми со што ќе побараме промена или укинување на овој дискриминаторски закон пред Уставниот суд.
Национална земјоделска мрежа-претседател Ѓорги Каракашев