fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделците бараат државата што поскоро да им го исплати заостанатиот данокот на личен доход

Право на поврат на данок на личен доход, имаат земјоделците коишто не се ДДВ обврзници

Земјоделците бараат државата што поскоро да им го исплати заостанатиот данокот на личен доход. Се жалат дека веќе неколку години по ред не ги добиваат средствата кои со закон им следуваат. Според претседателот на потсекторксата група за градинарство Драги Памуков се работи за  сума од околу 8 до 10 милиони евра на годишно ниво кои државата треба да ги врати кон земјоделците.

Памуков вели,  во сите останати сектори данокот се враќа на три или шест месеци, додека кај земјоделците тоа е на годишно ниво и на крајот и тој поврат доцни со години. Апелира до надлежните институции да најдат начин и да ја реализираат нивната обврска кон земјоделците исто како што тие ги исполнуваат обврските кон државата.

Од Управата за јавни приходи информираа дека од 2018 до 2021 година  кон земјоделците што го имаат тоа право бил исплатен данок на личен доход од близу 300 милиони денари. Повратот за  2022 година, ќе се реализирал откако  Министерството за земјоделство,  ќе достави ажурирана листа на земјоделци до УЈП.

Право на поврат на данок на личен доход, имаат земјоделците коишто не се ДДВ обврзници, немаат остварено приходи по друг основ, не се во работен однос и  не остваруваат приходи од закуп или од игри на среќа.

Зоран Ѓоргиев Сител телевизијаhttps://sitel.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close