fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Целосно искористени парите од ИПАРД 2

Крајниот рок за реализација на инвестициите завршува до крајот на мај оваа година.

Се трошат последните пари од ИПАРД 2 програмата. На последниот оглас имаше 58 барања за инвестирање на 8,8 милиони евра во основни средства за преработка и за маркетинг на земјоделски и на производи од риба. Крајниот рок за набавката на опремата е до крајот на мај годинава.

На последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата се пристигнати 58 барања за инвестиции од 8,8 милиони евра.

Според Министерството за земјоделство со нивната реализација веќе целосно се искористени средствата од претходниот фонд за претпристапна помош од Европската унија.

Бидејќи се работи за повик од ИПАРД 2 програмата, крајниот рок за реализација на инвестициите завршува до крајот на мај оваа година. Со ИПАРД 2 се поддржани 2.365 корисници и склучени се договори од 62,4 милиони евра што е 100 проценти од доделениот буџет од ЕУ.

Досега се реализирани и исплатени повеќе од 2.000 инвестиции, а реализацијата ќе продолжи до крајот на 2024-та. Паралелно, велат од платежната агенција, се врши и стручна процена на проектите пристигнати на првиот повик од ИПАРД 3.

Со него, е понуден буџет од 30 милиони евра, а пристигнати се повеќе од 1.160 проекти кои вкупно чинат 96 милиони евра.

Целта на ИПАРД Програмата е преку соодветни мерки да се подобри конкурентноста на земјоделското и производството на храна, усогласување со стандардите на Европската унија и економски развој на руралните средини.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close