Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести
Џем Реџепоски од Канатларци-Имам екстра тутун и не го давам под 450 денари за килограм
Килограм тутун е исплатлив само доколку е 500 денари и тоа без субвенции.
Џем Реџеповски е тутунар од селото Канатларци кој годинава произведе 7 тони тутун. Тој е многу задоволен од родот и вели дека нема да предаде ниту килограм тутун под 450 денари, бидејќи трошоците за производство се големи и актуелната цена од 300 денари за килограм тутун не е прифатлива.
-Јас сум тутунар од Канатларци и садам тутун на 40 декари земја, оваа година проиведов 7 тони тутун и сум многу задоволен од квалитетот. Производството е скапо и затоа тутунот не го давам под 450 денари за килограм, зошто не се исплаќа. Годинава тутунот има квалитет само цената е ниска. Килограм тутун е исплатлив само доколку е 500 денари и тоа без субвенции, вели нашиот тутунар Реџеповски.
А.Блажевска