Музејот за тутун во Прилеп фасцинира со приказните и во Новата Година
Одбележува 50 години постоење
И по пет децении, музејот за тутун во Прилеп фасцинира со приказните, а експонатите го потврдуваат човековото однесување кое е врзано со уживањето, со потребата низ историјата да го покаже својот статус, но и да укаже на начинот на живот на различни простори.
Музејот за тутун во Прилеп, еден од раритетните во Европа, еден од најпосетуваните од домашните и странски гости, постојано ги обновува, ги чува приказните за човековото однесување.
Обновен, дотеран во ново руво влегува во новата 2024 година. За 50- годишнината (во 2023 година се навршија пет децении од неговото постоење) Музејот доби современ фасцинантен дизајн и уште повеќе го привлекува вниманието.
-По пет децении музејот е осовременет. Пет витрини се направени на нови постаменти, што е сосема нов начин на претставување на експонатите. Тоа досега никогаш не е работено во Македонија. Овие постаменти собираат многу повеќе експонати Внесени се новите експонати кои се купувани овие години, а немавме место каде да ги ставиме. Презентацијата и експонирањето се врвни. И порано одевме на документаристичката вредност на експонатите, сега одиме и на доброто експонирање. Поектот на Министерството за култура мислам дека максимално го искористивме. Комплетно е променето осветлувањето- и во витрините и во салата од Музејот, објаснува етнологот Александар Цветкоски од прилепскиот Завод и музеј кој катадневно, со години ги раскажува фасцинантните приказни за тутунот, за човековиот луксуз и однесувањето.
Музејот за тутун е музеј на приказни. Уште кога е правен во 1972 година, Бошко Бабиќ и Тадеуш Полак сакале да имаат лулиња од познати личности кои ја раскажуваат историјата за тутунот и за уживањето во него. Да имаат лулиња од светските изложби од Виена и од Париз каде биле изложувани. И успеале да ги најдат. Тие плански ги собирале експонатите од цел свет. Сета таа грижа има до денеска одраз преку тие приказни.
Целиот текст на nezavisen.mk