fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

За една недела од Гостиварско заминале над 11 илјади печалбари

Само во првата недела од јануари од гостиварско кон дестинациите на запад, тргнале двесте автобуси, кои просечно превезуваат по 55-60 патници, па како што велат, грубата процена е дека во една недела отпатувале најмалку 11 илјади патници.

Последниот празничен викенд во Гостивар беше раздвижен поради заминувањето на печалбарите, дојдени за новогодишните и божиќни празници. Изминативе две недели нивното присуство беше забележливо по угостителските локали, дуќаните, а најмногу по улиците. Оваа недела најголем метеж имаше на автобуската станица од каде тргнуваа повеќето автобуси на меѓународните дестинации.

Процените на туристичките работници и превозниците се дека годинава дека само во првата недела од јануари од гостиварско кон дестинациите на запад, тргнале двесте автобуси, кои просечно превезуваат по 55-60 патници, па како што велат, грубата процена е дека во една недела отпатувале најмалку 11 илјади патници.

– Не може да се одреди точната бројка колку печалбари дошле во родниот крај. Тука треба да се земе предвид и тоа дека многумина доаѓаат со авиони, а заради добрите временски услови, многумина ги користат автомобилите за да дојдат фамилијарно, велат од агенциите.

Позитивниот ефект од доаѓањето на печалбарите најмногу го почувствуваа угостителските работници и трговците. Повеќето од нив потврдија дека имале неколкукратно зголемени промети. Зимскиот одмор некои печалбари го искористија и за да присуствуваат на семјни прослави и свадби.

Целиот текст https://nezavisen.mk

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close