Вести
Климатските промени влијаат на аграрот – Први на удар грозјето, пченицата и доматите
Ќе има се помалку врнежи, а просечната температура во земјава ќе се зголеми за три степени.
Државата и експертите заедно ќе работат на заштита на земјоделството од климатските промени. Во наредните десет години за оваа намена ќе бидат инвестирани околу 200 милиони евра. Производителите пак се свесни за состојбата и бараат стручна помош за зачувување на посевите.
Оние кои се занимаваат со оваа пробематика, предлагаат мерки кои сметаат дека за земјоделците нема да бидат многу скапи, а ќе помогнат за заштита на нивното производство од климатските промени.