fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Личните карти без „Северна“ ќе важат и по 12 февруари

За пасошите ќе се разгледа секоја иницијатива

Личните карти без „Северна“ се лични документи кои што се за внатрешна употреба и тие ќе важат и по 12 февруари, изјави  премиерот Димитар Ковачевски, додека за пролонгирање на рокот за замена на пасошите со „Република Северна Македонија“, ќе се разгледа секоја иницијатива.

„Личните документи, имате неколку типови на лични документи, оние кои што се за внатрешна употреба како на пример личните карти, ќе важат. Пасошите не се вадат заради институциите, туку за да можат граѓаните да патуваат надвор. Секоја иницијатива, јас кажав дека може да биде разгледана“, кажа Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по говорот на панел-дискусија на економски теми во Скопје.

Рокот од пет години за замена на личните документи на граѓаните со новото уставно име на државата истекува на 12 февруари, согласно уставните амандмани кои што произлегоа од Преспанскиот договор со Грција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close