fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Грците се чудат, грчките производи се поевтини во Македонија и во Бугарија

Разликите во цените се огромни и кај некои производи не може да се оправдаат со разликата во оданочување и ДДВ.

Постојат низа производи кои се произведуваат во фабрики на грчки компании, во или надвор од Грција (на пример, во Бугарија и Романија) кои ги наоѓаме на полиците во маркетите по цени од 30% до 35% поскапи отколку во Скопје и Бугарија, покажа истражувањето на грчкот новинар и публицист Христос Николаидис.

Според него разликите во цените се огромни и кај некои производи не може да се оправдаат со разликата во оданочување и ДДВ.

Ракчиња, чипс, безалкохолни пијалоци, средства за чистење, средства за лична хигиена, се само неколку категории каде што е голема разликата во малопродажните цени во соседните земји на Грција – Македонија и Бугарија.

На пример, кока кола зеро (дистрибуирана од истата компанија во Грција) се продава во Македонија за 0,80 евра, а во Бугарија за 0,90 евра и во Грција за 1,40 евра, вели Николаидис во денешниот поткаст емитуван на Радио Тесалоники.

Извор https://www.slobodenpecat.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close