fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Од 1 февруари единствена валута во Косово ќе биде еврото

Носете евра ако одите во Косово

Централната банка на Косово (ЦБК) донесе уредба според која од 1 февруари единствена валута за готовински платежни трансакции ќе биде еврото, јави регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).

Во указот на Банката се наведува дека ваквата уредба е донесена согласно Уставот на Косово и законот на Централната банка на Косово и дека ЦБК е единствената „монетарна власт која може да одлучува за дозволените апоени на валутата евро за оптек на територијата на Косово“.

Сепак, Централната банка на Косово наведува дека другите валути може да се користат само како вредност за чување во физичка форма или на банкарски сметки, за меѓународни плаќања или девизни активности.

„Замена на валута во Република Косово може да се врши само преку институции кои се лиценцирани од Централната банка на Косово и ја нудат оваа услуга“,

се вели во соопштението на Банката.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close