fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Владата подготвува закон со кој работниците ќе може да добиваат плата во плик

Со овој закон ќе се поедностави ангажирањето на сезонските работници, така што ќе нема да се злоупотребуваат оние работници кои се времено ангажирани во земјоделие, објекти за сместување и подготовка на храна, дејности на домаќинството или пак градежништвото, вели Анѓел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Се враќа плата во плик, но само за времено ангажирани работници! Владата подготвува Предлог Закон за работно ангажирање на лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности во поедноставена постапка.

Вака гласи законот кој е предложен од страна на Министерството за труд и социјална политика. ТВ 24 го контактираше ресорното министерство, и прашавме зошто всушност се носи овој закон, но и што ќе значи истиот за работниците, а што за работодавачите и дали ќе биде на штета на работниците? Меѓутоа, до објавување на прилогот одговори не добивме.

Со овој закон ќе се поедностави ангажирањето на сезонските работници, така што ќе нема да се злоупотребуваат оние работници кои се времено ангажирани во земјоделие, објекти за сместување и подготовка на храна, дејности на домаќинството или пак градежништвото, вели Анѓел Димитров од Организацијата на работодавачи.

ТВ 24 стапи во контакт и со “Гласен текстилец” од Штип, од каде бурно реагираат на овој закон. Според претседателката Кристина Ампева, и онака имаме сериозни проблеми со сивата економија за која добиваме постојано укажувања од светска банка и тоа најмногу во конкретниве дејности, каде и моментално цвета сивата економија.

– Наместо да создаваат здрава клима за бизнисите, со тоа и за работниците, овде се создава со “амин” на власта, нелојална конкуренција. Овој предлог закон е дискриминирачки кон останатите дејности и работниците, a со тоа ја разорува домашната економија. По кој европски закон или директива е ова решение? Нема такво нешто. А ако е бал нека е маскембал, па бараме сите да земаме плата во плик. Па да видиме како ќе се полнат фондовите, буџетот на државата и ќе се исплаќаат плати на функционерите и администрацијата. Ова е тотална анархија. – велат од “Гласен текстилец”.

Извор https://24.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close