
Агро бизнисБез категоријаВести
И министерот Николовски објави за посетата на нашите млади фармери во Словенија
Целта на студиската посета е запознавање со успешните модели за функционирање на младите фармери и мерките кои ги имаат како поддршка младите фармери во Словенија, со цел нивно пренесување во нашата држава како мерки за поддршка на младите земјоделци и фармери.
Делегација на девет наши млади фармери овие денови се во студиска посета на Словенија. Целта на студиската посета е запознавање со успешните модели за функционирање на младите фармери и мерките кои ги имаат како поддршка младите фармери во Словенија, со цел нивно пренесување во нашата држава како мерки за поддршка на младите земјоделци и фармери.



Во делегацијата учествуваат по тројца млади фармери од трите најголеми социоекономски партнери на министерството, Национална федерација на фармери – National Federation of farmers – NFF, Мрежа на земјоделски задруги и Македонската Асоцијација на земјоделски задруги. Студиската посета се реализира во период од 22 до 26 јануари 2024 година.