Агро бизнисБез категоријаВести
МВР почна да доставува готови лични карти и дозволи на домашна адреса во Скопје
Овој пилот проект се спроведува само во Скопје.
Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со цел да се олесни и забрза процесот на промена на личните документи, започна со имплементација на пилот проект на територијата на Скопје за доставување на готови лични карти и возачки дозволи на домашна адреса, преку полициските станици.
Напоменуваме дека овој пилот проект се спроведува само во Скопје.