fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Бензините и дизелот поскапуваат за денар и пол

Дизелот 76,50 денари од литар.

Бензините и дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари по литар, а за толку ќе поскапи и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,50, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1 за 76 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,293 ден/кг и сега ќе изнесува 41,439 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close