fbpx
Без категорија

Белица е првото село во Македонија што почна да произведува струја од сонцето

Старото училиште во селото, кое од неодамна има функција на еко центар преку проект на Македонското еколошко друштво и Еко свест, финансиран од Амбасадата на Шведска, доби фотонапонски панели на кровот, од кои со електрична енергија се снабдуваат сите простории во центарот, а вишокот се предава во дистрибутивната мрежа

Селото Белица во близина на Кичево е првата македонска рурална заедница која произведува струја од сонцето. Старото училиште во селото, кое од неодамна има функција на еко центар преку проект на Македонското еколошко друштво и Еко свест, финансиран од Амбасадата на Шведска, доби фотонапонски панели на кровот, од кои со електрична енергија се снабдуваат сите простории во центарот, а вишокот се предава во дистрибутивната мрежа.

Идејата за одржливо живеење и користење на природните ресурси, следење на климата и преземање на акции за намлување на климатските промени, ги инспирира жителите на ова место сместено на падините на Илинска Планина, повеќе од десет години да инвестираат во еколошки проекти. Како дел од кичевскиот крај, зависен од употреба на јагленот, Белица е примерот како треба да изгледа вистинската транзиција кон зелена иднина.

Првата зелена комуна во земјата цели кон тоа да живее во традиционалните еко-вредности и со тоа да привлекува туристи – да се организираат традиционални настани, посетителите да се едуцираат за локалните традиции и природните богатства на овој крај, како и да се продаваат еко-продукти.

Ами Ларсон Јаин, амбасадорката на Шведска во земјава, денеска за време на посетата на Белица, посочи дека е голема среќа што рурални отсечени области може да се ревитализираат со искористување на обновливата енергија која ги електрифицира, а истовремено не загадува и нема влијанија врз нивните природни вредности.

-Околу 80 отсто од земјата е покриена со планини во кои има различни заедници со богат биодиверитет и природни убавини. Привлекувањето на посетители во нив дава можности за различно искуство од масовниот туризам. Во светот одржливиот туризам ги почитува природните вредости, создзава придходи и истовремено ја штити заедницата, рече Ларсон Јаин.

Белица во земјава е моделот на самоодржливо и еколошки свесно село, посветено на заштита на животната средина преку одржливо користење на природните ресурси како и промоција на културното наследство и природното богатство со цел развој на еко-туризмот. Производството на сопствена чиста енергија и пренамена на училшната зграда во функционален, повеќенаменски, едукативен, регионален еко-центар му дава можност на селото да живее со традиционални еко вредности и тие да им ги претстави на туристите.

Извор https://meta.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close