fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Земјоделските протести се поблиску до нас-Лесно ветувате, а после не давате!

Се кренаа и бугарските и грчките земјоделци

Стотици бугарски земјоделци протестираа во Софија бидејќи, како што наведоа, Владата не презема ништо за да ги реши нивните се поголеми проблеми, а протестите ќе продолжат и денес.

Демонстрантите го повикаа бугарскиот министер за земјоделство Кирил Ватев да поднесе оставка поради неисполнување на ветувањата за олеснување на административниот товар на земјоделците, како и неможноста на државата да ги олесни нивните високи трошоци и падот на приходите.

Според извештаите, бугарските земјоделци, како и нивните колеги во другите делови на Европа, се фрустрирани од сегашните регулативи на Европската унија, тешкотиите што произлегуваат од зголемувањето на трошоците за набавка на ѓубрива и цените на енергијата поради војната во Украина, како и се поголемиот увоз на неконкурентни земјоделски производи кои ги намалуваат цените на домашните производи.

Симболичен и мирен протест, без да биде блокиран сообраќајот и граничниот премин, одржаа земјоделците од Лерин на границата со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Во рамките на активностите и протестите на земјоделците во цела Грција, тие од Лерин, според државната телевизија ЕРТ, претпладнево со тракторите стигнале до граничниот премин Ники кон нашата земја.

Тракторите биле паркирани во близина на патот што води до границата, но без да создадат проблеми во сообраќајот или да ги блокираат возилата и камионите што се движат од или кон Грција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close