fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Новиот модел на субвенционирање е своевидна реформа во аграрот

Поевтина нафта за земјоделците

Земјоделството е ризичен бизнис бидејќи е многу зависен од временските услови и е поранлив на природни катастрофи од другите сектори.

МЗШВ сите мерки и програми кои ги носи ги креира заедно со претставници на земјоделците. Ова е воедно и најдобрата превентива од можни незадоволства од страна на земјоделците кои со сето нивно право можат да го искажат и на улиците. За ова сме сведоци деновиве во различни европски држави каде што силните земјоделски производители, здружени и единсвени, покажуваат дека не се согласуваат со одредени мерки кои ги носат нивните држави односно Европската Унија. Особено се гласни во делот на укинувањето на субвенциите за гориво и примената на „зелените мерки“ кои ги ограничуваат нивните производства.

– Воведувањето на „Зелената нафта“ кај нас беше барање на земјоделците повеќе години. Затоа и прва мерка која ја воведовме со доаѓањето на оваа Влада, беше поевтина нафта за земјоделците која првпат стартуваше во 2019 година, со поддршка од 30 проценти а која во 2022 година беше зголемена на 50 отсто, денеска таа поддршка за зелена нафта достигна до 100 отсто. Поддржувајќи годишно 55.000 земјоделци. Друго нивно барање беше новиот модел на субвенционирање кој е своевидна реформа во аграрот бидејќи одговори на неколку нивни укажувања и барања особено во неправилна поделба на субвенциите и немањето контрола дали парите завршуваат кај вистинските земјоделци. Постапката ја водевме максимално транспарентно и во дирекнта консултација со земјоделците, за секоа едно прашање. Во целиот процес на подготовката беа вклучени земјоделците, земјоделските здруженија и стручната јавност, потсекторските групи и Агро Советот како највисоко советодавно тело во земјоделството. Исто така преку програмата за рурален развој овие две години обезбедивме поддршка во набавка на трактори, силоси, системи капка по капка, поддршка за руралните жени, за младите, за набавка на педигриран добиток за земјоделците, на комбајни за жито, опрема за тутун, специјализирани комбајни за ориз, мобилни сушари како и набавка на целокупна опрема и механизација за модернизирање на земјоделското производство. „Млад земјоделец“, „Рурална жена“, „Бизнис план“…сите овие мерки беа барање на земјоделските производители и навистина интересот за нив беше огромен – изјави Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close