fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-До почетокот на март сите сточари во целост ќе ги добијат субвенциите

Сточарите до крајот на оваа недела на своите сметки може да очекуваат 30% авансна основна субвенција за 2023 година

Од овде од Берово, можам да кажам дека сточарите до крајот на оваа недела на своите сметки може да очекуваат 30% авансна основна субвенција за 2023 година.
До почетокот на март пак, сите сточари во целост ќе ги добијат своите субвенции за 2023 година. Дополнително крајот од 2024 година, сточарите како и другите земјоделци повторно ќе добијат авансни 30% за оваа тековна година.
Сточарството е нашиот главен фокус оваа 2024 година. Креиравме многу нови мерки за поддршка на сточарите и затоа со право велиме дека оваа година е година на сточарството, објави министерот за земјоделие Љупчо Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close