Албанските земјоделци најавија протести и блокирање патишта
Бараат надомест за секој литар млеко, укинување на данокот за нафтата за земјоделски возила
Претставници на Сојузот на албански земјоделци денеска пред Министерството за земјоделство предупредија дека ќе почнат со протести и блокирање на патишта, доколку не се исполнат барањата.
Тие држеа голем транспарент на кој беа напишани нивните пет барања.
Изедначување на ДДВ-то за земјоделските производи, надомест за секој литар млеко, укинување на данокот за нафтата за земјоделски возила, ДДВ-фактура со реална цена од местото на наплата на денот на испораката на производот, субвенција за семиња, садници и за органски производи, пишува на транспарентот.
Земјоделците најавија дека ќе протестираат во текот на цел февруари, почнувајќи од Корча, а „протестот ќе кулминира во Тирана во првите денови од идниот месец“. вт/сд/Фото: Сојуз на земјоделци