fbpx
Агро бизнисБез категорија

Бачовски-Исплатени субвенции за јаболкото, кај јаболкарите легнаа 203.3 милиони денари

Исплатени дополнителните директни плаќања за предадени јаболка во регистрирани откупувачи или преработувачки капацитети за период 2022-2023

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализраше исплатата за дополнителните субвенции за предадено јаболко во откупен или преработувачки капацитет со што со финансиска поддршка се стекнаа 1955 земјоделски стопанства во вкупна вредност од 203.3 милиони денари.
По завршувањето на аплицирањето за дополнителната мерка од 3 денари / кг предадено јаболко, Агенцијата успешно ги заврши административните контроли на пристигнатите апликации и контролите на лице место кај откупните претпријатија по што денес се реализира и самата исплата.
Дополнително, пред крајот на 2023 година сите јаболкопроизводители ги добија авансните исплати на директните плаќања за оддржување на овошно насади и добија финансиска поддршка од 12.000 денари / хектар.
Поддршката за јаболкопроизводителите ќе продолжи во 2024 година со реализацијата на исплатите за ПОМ, дополнителните субвенции за остварено производство и имплементација на мерката за предадено производство во периодот 15 септември 2023 – 15 јануари 2024.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close