fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Врнежите добредојдени за есенските посеви, но потребна е прихрана

Врнежите се добредојдени за житариците, но проблематични за резидбата на овошките и лозјата. Експертите со препорака до земјоделците да се искористат врнежите за да се прихранат есенските посеви за да имаме зголемено производство на лебно жито.

Врнежливот период кој ќе ја зафати земјава во следните неколку дена е добре дојден за земјдоелството.

Според агро метролозите долготрајното зимско затоплување со надпросечно високи температури не својствени за овој период од годината веќе почна да прави проблеми предизикувајќи недостиг од влага но од друга страна ваквите темератури се идеални за почеток на резидбите во овоштарството и лозарството кој по традиција започнуваат на 14 ти февруари, Свети Трифун.

Науката пак со совет до земјдоелците ако имаат услови во време кога се дождовите да ја направат првата прихрана а а ко не успеат тогаш да одат на една прихрана која ќе биде подоцна.

Заради временските услови односно сушната есен и сеидбата беше доста покасна па и посевите сега се во пониска фаза од својот развој.Есенските посеви под пченица и јачмен годинава според проценките од терен ги има нешто помалку од лани.

Причина за тоа се ниските откупни цени кои ги демотивираа земјоделците во време кога сеуште се високи цените на репроматеријалите со што и годинава надополнувањето на потребите од лебно жито ќе се прави со увоз кој најчесто е од соседна Србија.https://kanal5.com.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close