Агро бизнисБез категоријаВести
СДСМ-Ја зголемивме просечната пензија за 6.400 денари
Просечната пензија денес е над 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година
-СДСМ води вистинска грижа за пензионерите и го враќа достоинството на нашите највозрасни сограѓани. Просечната пензија денес е над 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, во време на ДПМНЕ, кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија пак денес изнесува 13.100 денари, што е за 4.300 денари повисока во однос на 2016 година, односно за речиси 50%, соопшти СДСМ.
-Пензионерите денес добиваат во просек по 6.000 денари повеќе, во однос на времето на владеење на ДПМНЕ, кои на пензионерите се сеќаваа само пред избори.