fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Иселениците со двојно државјанство не треба да се пријавуваат во полиција како странци

Од 13 февруари граѓаните што немаат пасоши со „Северна“ нема да можат да ја напуштат Македонија, а граѓаните што работат и живеат во странство и сакаат да дојдат во земјава, ќе можат да го сторат тоа со патниот лист на МНР, кој е важечка патна исправа заедно со веќе неважечкиот пасош.

Редиците за чекање на пунктовите на МВР за патни испрати, различните информации и одлуки на МВР, МНР и на Собранието во последен час внесоа забуна и паника кај граѓаните, кои беа растрчани да извадат документи со новото име на земјата и што поскоро да извадат валидни документи за да пристигнат во својата земја.

Од 13 февруари граѓаните што немаат пасоши со „Северна“ нема да можат да ја напуштат Македонија, а граѓаните што работат и живеат во странство и сакаат да дојдат во земјава, ќе можат да го сторат тоа со патниот лист на МНР, кој е важечка патна исправа заедно со веќе неважечкиот пасош.
Патните пропусници ќе може да се обезбедат во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија, а ќе бидат без надомест согласно последната одлука на владата.
– Нашите државјани имаат право да се сликаат во најблиското дипломатско конзуларно претставништво во странство, каде што имаме воспоставено базна или мобилна станица, преку телефонско закажување или комуникација по е-пошта.

Претставништва со базни станици има во: Минхен, Бон, Берлин, Берн, Виена, Љубљана, Лондон, Њујорк и Чикаго. Претставништва со мобилни станици има во: Брисел, Стокхолм, Венеција, Торонто и Мелбурн.
Процедурата за стекнување нова патна исправа од денот на сликање трае околу 30 дена, по што државјаните ги подигнуваат новите патни исправи во дипломатското или конзуларното претставништво каде што е направено сликањето. Во случај државјанинот да не е во можност да ја подигне патната исправа во претставништво, по негово барање и по потпишување изјава, може да ја добие преку брза пошта, при што трошоците или поштарината се на негов товар.

Воедно, би сакале да потсетиме дека рокот на старите пасоши истекува на 12 февруари и истото значи дека по тој датум, без нови патни исправи нашите државјани немаат можност да ја напуштат нашата земја – објаснуваат од МНР.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close