fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Сточари се жалат дека не зеле субвенции – МЗШВ вели дека поголемиот дел се исплатени

Абедин Адили од Тетово се жали дека не зел субвенции

Абедин Адили од Тетово е над 25 години сточар. Некогаш имал 1500 грла стока, но сега има за 90% помалку, околу 150 грла. Причината за ова вели дека е доцнењето на субвенциите од страна на Министерството за земјоделство.

„Нека ги пуштат овие субвенции, или нека не ги пуштаат, бидејќи направија магариња од нас, илјада евра е еден работник. Тој од владата не знае каква е оваа работа,ние немаме плата, се давиме во трошоци, струја… нели се надуваа во оваа Македонија пари во вреќи, струјата ја праќаат паушално, од каде да земеме, немаме приходи, додека од страна на сточарството мислам уште три години, пошто само одам надолу и ќе се тргнам од оваа работа“, порача Абедин Адили.

Пред неколку дена од Министерството за земјоделство рекоа дека исплатиле поголем дел од субвенциите за земјоделците.

„Се известуваат сточарите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој изврши исплата на директни плаќања од програмата за финансиска поддршка во земјоделството во 2024 година за обележани женски говеда, овци и кози. Вкупната исплата е 283,4 милиони денари за вкупно 9.623 сточари. Корисници на субвенции за евидентирани женски грла добиток се сметаат земјоделските единици кои имаат регистрирано женски грла, а кои на денот на поднесувањето на барањето наполниле 12 месеци. Финансиската поддршка за оваа мерка е 76 милиони денари за 6.342 корисници“, велат од Министерството.

Целиот текст на следниот линк https://mk.tv21.tv/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close