Бачовски потврдува: Исплатата на основните субвенции за одгледувачите на овци е реализирана
ПРОЧИТАЈ!!!Продолжуваме со припрема за нов пакет на исплати со дополнителна субвенција од 1400 денари по грло овца
Никица Бачовски, директор на Платежната агенција
Во врска со написите во кои е наведено дека сточарите се жалат дека не зеле субвенции би сакал да информирам за следново:
На 13.02.2024 АФПЗРР ја реализираше исплатата за основните директни плаќања за одгледувачите на овци, кози и говеда.
Конкретно за одгледувачите на овци, пристигнато е 2551 барање за финансиска поддршка. Од вкупно пристигнатите барања, административно се одобрени 2229 барања кои се спроведени за исплата. На 13.02.2024 се исплатени 2194 одгледувачи на овци, а кон 35 корисници не е извршена исплата поради евидентиран долг за земјоделско земјиште, пашарина или воден надомест.
Кај 332 корисници се прават дополнителни пресметки за исплата на финансиската поддршка поради извршени контроли на лице место или контроли со сателитски снимки. Сите корисници кои ќе ги исполнат законските одредби ќе ја добијат финансиската поддршка до крајот на месецот.
Истовремено, АФПЗРР ги обработува податоците добиени од кланичните капацитети и преработувачките капацитети во пресрет на исплатата на дополнителните директни плаќања за одгледувачите на овци. Сите одгледувачи на овци кои произвеле и предале млеко во домашните млекари или имаат предадено јагне во кланичен капацитет ќе добијат дополнителни 1400 денари по грло.
Со ова, вкупната финансиска поддршка по грло овца ќе изнесува 2000 денари.