fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Поголемите субвенции во земјоделството не го зголемија производството

Младите земјоделци тешко се одлучуваат да вложат во големо земјоделско производство, вели вели Петар Стојковски - претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија во разговор за Радио Слободна Европа.

Со над 100 милиони евра субвенции годишно, земјоделството тешко напредува, додека континуирано повеќе се увезува храна отколку што се извезува. За зголемено производство, потребен е сигурен пласман, цени и анализа на земјиштето. Земјоделците велат дека само така субвенциите може да бидат ефикасни.

Младите земјоделци тешко се одлучуваат да вложат во големо земјоделско производство, бидејќи не се сигурни дека ќе ги вратат парите кои ги инвестирале – така е и покрај тоа што земјоделското производство е субвенционирано, вели Петар Стојковски – претседател на Асоцијацијата на земјоделци на Македонија во разговор за Радио Слободна Европа.

„Ние прво мораме да имаме утврдена производствена цена, но потоа и пласман на производот. Ако го нема тоа, никој не е сигурен во производството. Трудот наш треба да биде реално вреднуван, а потоа државата дополнително нека дава субвенции за производите што ги смета за стратешки и ние со тоа сме задоволни. Но, субвенциите не треба да бидат за покривање на трошоците“, вели Стојковски.

Државата секоја година издвојува се повеќе пари за субвенции на земјоделството кои од 2010 година наваму се движат од 100 до 130 милиони евра годишно. Но, проблем е што увозот на храна континуирано е поголем од извозот, додека истовремено се намалуваат засеаните површини, а производството стагнира.

Од друга стана земјоделците во текот на минатата година се жалеа дека работат со големи загуби, делумно поради временските неприлики, а делумно поради ниските откупни цени.

Во 2023 година извозот на храна и живи животни е 493 милиони евра, што е двојно помалку во однос на извозот од 973 милиони евра. Негативната разлика е околу 480 милиони евра.

Целиот текст на следниот линк https://www.slobodnaevropa.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close