fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски од средбата со земјоделците во Виница

Заедно креираме мерки што даваат резултати за земјоделците, да продолжиме заедно развивајќи го македонското земјоделство

Токму во Виница имаме повеќе успешни земјоделски приказни. Земјоделци кои успешно ги користат мерките што ги ставаме на располагање за поддршка до секој земјоделец. Мерки за развој на македонското земјоделство.

Тука, во Виница имаме успешни млади земјоделци и жени земјоделки, истакна министерот Николовски на денешната средба со земјоделците во Виница. Сточари кои ја искористиле мерката за набавка на приплоден добиток. Имаме успешни земјоделци што преку програмата за рурален развој го модернизирале своето производство, поставувајќи системи за наводнување, изградиле силоси, или ја искористиле мерката за набавка на трактори, мерките за грант поддршка на малите производители на храна и вино, како и повеќе од 25 успешни ИПАРД приказни. Близу 26 милиони денари вкупна поддршка која земјоделците од Виница ја имаат искористено преку мерките што им се ставаат на располагање.

Министерот Николовски пред земјоделците ги презентираше новите мерки за поддршка на земјоделците за 2024 година.

Од оваа 2024 година, сите земјоделци, добиваат 100% поддршка за зелена нафта. Мерка креирана во 2019 година и мерка по која како држава сме препознаени во регионот. Мерка од директна помош за секој земјоделец.

Министерот истакна дека оваа година сточарството е главен фокус во работата на министерството, каде се креирани повеќе нови мерки.

 

Од 4.000 на 12.000 денари се зголемува поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци. Се зголемува и поддршката за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет од 400 на 1.000 денари.

 

Зголемената поддршка кај овие мерки има за цел да даде поголем мотив, сигурност и поддршка во работата на сточарите, но и на долг рок, да даде резултати во зголемување на домашниот сточен фонд, производството на млеко и месо. Ова зголемување следува откако во 2023 година, преку новиот систем за контрола предвиден со новиот модел за субвенционирање, ставивме ред, добивајќи ја реалната бројка на животни за кои се исплаќа финасиска поддршка.

Министерот ги информираше земјоделците и за измените во Уредбата за директни плаќања. Каде преку последните измени на Уредбата овозможивме непречена исплата на заслужените субвенции до земјоделците, на кои во овие месеци за време на изборниот процес, имаат истечени или ќе им истачат договорите за закуп на земјоделско земјиште. Земјоделците, преку оваа измена ќе можат правото на субвенции да го остварат врз основа на старите договори, додека продолжувањето на договорите ќе се изврши веднаш по завршувањето на изборниот процес, продолжувајќи се на 15 години согласно последните измени во законот за земјоделско земјиште.

 

Водиме искрена грижа за секој земјоделец. Посветено креираме мерки според потребите на земјоделците, преку кои постигнуваме одржливост и развој во македонското земјоделство. Мерки што даваат резултати за земјоделците.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close