fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Србија ги ограничи цените на брашното

Замрзнатите цени ќе важат од 1 март и ќе важат до 31 мај годинава. Ограничени се и количините кои можат да се купат

Владата на Србија ја ограничи цената на брашното во малопродажба, како и производствената цена на брашното од типот Т 400 мазно и типот Т 500.

„Трговците на мало кои продаваат прехранбени производи се должни да имаат најмалку една марка од ова брашно, во пакувања до еден килограм, чија максимална малопродажна цена не може да надмине 54,99 динари (28,9 денари) за килограм, во структурата на дневната понуда на сите видови брашно Т-400 мазни“, се наведува во владината уредба.

Исто така, со истиот пропис е утврдена и максималната производствена цена на овој вид брашно, 45 динари (23,6 динари) за килограм.

Максималната малопродажна цена на брашното Т 500 во пакувања до еден килограм е утврдена на 49,99 динари (26,3 денари) за килограм.

Максималната производна цена на ова брашно е утврдена на 40,9 динари ( 21,5 денари) за килограм.

Исто така, како и досега, државата наложи производителите да им доставуваат на трговците месечно најмалку 50 отсто од испорачаните количини од истиот период лани.

Покрај тоа, количината на брашно што секој клиент може да ја купи е ограничена. Трговец може да продаде до 4 килограми тип 400 и 5 килограми тип 500 при едно купување.

За непочитување на прописот се пропишани казни од 100.000 до 2 милиони динари, како и затворање на продавницата од 6 месеци до една година.

Замрзнатите цени ќе важат од 1 март и ќе важат до 31 мај годинава.

Со оваа одлука српската влада го продолжи рокот на важење на ограничените цени на брашното кои важат до 29 февруари.https://plusinfo.mk/srbi-a-gi-ogranichi-cenite-na-brashnoto-ogranicheni-se-i-kolichinite-koi-mozhat-da-se-kupat/

Слични написи

Back to top button
Close