fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Се ограничува бројот на дозволен застрел по ловец на ден за одделни видови дивеч

Николовски-Ловната сезона на дивата свиња ќе започнува порано

Ловечкото друштво “Орел” од Валандово е едно од најстарите ловечки друштва кое постои од 1947 година и брои околу 200 членови. Министерот Љупо Николовски присуствуваше на Ловечката вечер.
Со новиот Закон за дивеч и ловство го усогласуваме домашното законодавство со европското и носиме многубројни реформски новости во корист на ловџиит
Една од новините е дека се излегува од досегашните концесиски рамки и во иднина дивечот се дава на користење и управување и тоа на период од 20 години, а при исти услови предност ќе имаат досегашните корисници, главно Ловечките друштва.
Исто така, новина е и тоа што ловната сезона на дивата свиња ќе започнува порано, а се лимитира бројот на дозволен застрел по ловец на ден за одделни видови дивеч.
Преку новиот закон се создаваат услови и за развој на ловен туризам, преку полигон за лов на ситен дивеч.
Ловџиите знаат дека сме нивен вистински партнер, поддршката од мене и министерството ја имаат, и ќе ја имаат во целост, објави Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close