fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Македонските граѓани може да патуваат со лични карти за Босна и Херцеговина

Со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Денеска дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина Ненад Нешиќ, а во врска со одобрувањето на Босна и Херцеговина за патување на граѓаните на Македонија со лична карта.

Бојмацалиев информираше дека со министерот Нешиќ разговарале во насока на тоа во Босна и Херцеговина да може македонските граѓани да патуваат со лични карти со старото име, почитувајќи ја Спогодбата помеѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за условите за патување на државјаните на двете земји, потпишана во 2018 година.

Во оваа прилика Бојмацалиев го истакна значењето на градење мостови со пријателските земји, и рече дека оваа можност е во рамките на засилената соработката и унапредените односи помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина во изминатиов период, како и тоа дека истата пракса е веќе воспоставена и со, Србија, Албанија и Косово каде што се дозволува влез со лична карта со старото име на државата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close