Агро бизнисБез категоријаВести
Трипуновски- Земјоделците од Удово се жалат на неисплатените и задоцнети субвенции, лошата распределба на ИПАРД фондовите
Разговаравме за сите оние отворени прашања и предизвици со кои што се соочуваат. Повторно ги слушнав истите проблеми, нефункционално водостопанство, неисплатените и задоцнети субвенции, лошата распределба на ИПАРД фондовите, лошите земјишни политики, слабиот пласман на земјоделски производи и тоталната негрижа на државата за македонските земјоделци.
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски беше со земјоделците од Удово, Валандово.
Разговаравме за сите оние отворени прашања и предизвици со кои што се соочуваат. Повторно ги слушнав истите проблеми, нефункционално водостопанство, неисплатените и задоцнети субвенции, лошата распределба на ИПАРД фондовите, лошите земјишни политики, слабиот пласман на земјоделски производи и тоталната негрижа на државата за македонските земјоделци.
Ние имаме план и програма како да им помогнеме на македонските земјоделци и овие проблеми да бидат минато, единствена грижа на земјоделците треба да им биде како да произведат повеќе. Заедно ќе го вратиме достоинството на македонските земјоделци, објави Трипуновски .