fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-Никој не е заборавен и никој нема да биде изоставен од поддршката

Поддршката за малите семејни винарии и производители на храна е наша и моја заложба, за кратко време успеавме да поддржиме над 300 мали бизниси и на тоа сите треба да сме горди.

Ги слушаме проблемите, ги надминуваме пречките и предизвиците со кои се соочуваат земјоделците, при процедурата со доделување на грантови, објави министерот Љупчо Николовски.

-Денеска на средбата со претставниците од малите винарии и производители на храна лично им пренесов дека никој не е заборавен и никој нема да биде изоставен од поддршката која ја нудиме. Заедно ќе изнајдеме решение и сите ќе имаат можност повторно да аплицираат на јавните повици.
Сепак, треба сите да сме свесни дека одговорноста за раководење со државни пари е огромна и не треба да има ни најмала грешка во таа насока, особено во исполнувањето на условите за грантот.
Средства има обезбедено за сите. Поддршката за малите семејни винарии и производители на храна е наша и моја заложба, за кратко време успеавме да поддржиме над 300 мали бизниси и на тоа сите треба да сме горди.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close