fbpx
Без категорија

Жителите на Горна и Долна Бањица не дозволуваат градба на камп на плодни ниви

Токму во атарот на Горна Бањица лани на 12-ти септември беше означен почетокот на градежните работи на автопатот Гостивар - Букојчани, дел од Коридорот 8, проект на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

На 6-ти јануари во знак на протест го блокираа патот кој поминува низ нивните села Горна и Долна Бањица, и во знак на протест три часа не пропуштаа возила. А вчера од протестен собир најавија дека од понеделник ќе почнат со секојдневна интензивна блокада на работата на „Бехтел и Енка“, доколку не бидат примени на средба во Владата на РСМ.

Токму во атарот на Горна Бањица лани на 12-ти септември беше означен почетокот на градежните работи на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридорот 8, проект на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. По церемонијалното минирање кое произведе чад во црвена и жолта боја, и пораките за развојот што ќе го донесе големиот инфраструктурен проект, за локалните жители на двете села побрзо стигнаа грижите.

Причина за нивното незадоволство се решенијата за експропријацијата за потребите на изградбата на Коридорот 8, со кои е засегнат атарот во кој тие со години ја обезбедуваат нивната егзистенција. Главна стопанска гранка на тамошното население е земјоделството. Двете села се познати по производството на висококвалитетниот и наделеку познат црвен благ кромид, како и бањичкиот домат (јабучар). Денес нема откупни центри за нивните производи, ги продаваат на локалните пазари, но повозрасните жители се сеќаваат на времињата кога голем дел од реколтата бил откупувана за потребите на тогашната ЈНА. Тогаш целата земјоделска површина од атарот на двете села била засадена со кромид, а денес поради трендовите на иселување дел од површините и не се обработуваат, пренесува https://www.dw.com/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close