Агро бизнисБез категоријаВести
Трипуновски од Свети Николе-Земјоделците останаа без договори за закуп на земјоделско земјиште
Дури 88 договори за продолжување на закуп на земјоделско земјиште, иако биле уредно и навремено доставени до МЗШВ, истите од необјаснети причини не се продолжени од страна на министерството.
Остварив состанок со земјоделците од Свети Николе, подрачна единица со најголем број регистрирани земјоделци, објави заменик министерот Цветан Трипуновски .
Разговаравме за сите актуелни состојби и проблеми со кои што се соочуваат земјоделците од овој регион. Дознав дека дури 88 договори за продолжување на закуп на земјоделско земјиште, иако биле уредно и навремено доставени до МЗШВ, истите од необјаснети причини не се продолжени од страна на министерството. Дополнително земјоделците се пожалија од новиот систем на субвенционирање кој не функционира и има многу недостатоци, но исто така голем акцент се стави на системите за наводнување кои се нефункционални, а се од огромно значење за земјоделците.
Потребно е субвенциите да се исплаќаат редовно согласно календарот, потребна е зголемена поддршка за младите земјоделци, потребни се правилни земјишни политики и распределба на земјоделско земјиште по фер услови, сето ова ние ќе го спроведеме бидејќи нашата програма јасно ветува зголемена грижа за македонските земјоделци и подобри услови за сите граѓани на Република Македонија.