fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-праќаме порака веднаш да се донесе Законот за земјоделското земјиште

Имаме јасно решение на проблемот со продолжувањето на договорите

Денеска во Свети Николе министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа средба со земјоделците од здружението Овчеполски фармер.

На средбата земјоделците со министерот Николовски разговараа околу продолжувањето на договорите за закуп на земјоделското државно земјиште, презентирајќи ги решенијата што министерството ги подготви за решавање на овој проблем.

Најпрво, лага е дека овие договори можат да бидат продолжени со потпишување анекс на договорот, бидејќи за тоа не постои законска можност.

Срамна лага, со која се манипулираат земјоделците, е дека договорите на земјоделците се раскинати и им е одземено правото на владение. Напротив, ниту еден договор не е раскинат, ниту пак има донесено некое решение за раскинување, ниту пак е одземено нечие право на владение.

„Секогаш имаме решение за сите предизвици кои ги имаат земјоделците. Ние како министерство сме на страната на земјоделецот и постојано директно од терен разговарајќи со земјоделците, ги слушаме проблемите и заедно ги решаваме, добиваме нови идеи и заедно креираме нови мерки“, истакна министерот Николовски.

Предложени се измени на Законот за земјоделското земјиште, каде предвидуваме можност земјоделците кои што имаат истечен договор, во перидоот на изборниот процес, да не бидат избришани од ЕРЗС системот. Ваквите предложени измени на законот се веќе доставени до Собранието, но истите се блокирани од страна на претседателот на собраниската комисија за земјоделство, кој предложените измени не ги става на дневен ред за разгледување на комисијата.

Дополнително, извршена е веќе измена на Уредбата за директни плаќања овозможувајќи непречено право на субвенции кон сите земјоделци врз основа на старите договори за закуп, а нивното продолжување би следувало веднаш по изборите. Продолжувањето на договорите на овие земјоделци би се извршило не на 5, туку на 15 години по иста цена на закуп како досегашниот договор. Токму овие две работи како можност за земјоделците доаѓаат преку претходните измени во Законот за земјоделското земјиште, токму предложени од страна на земјоделците од светиниколско.

„Решението е подготвено и чека усвојување од Собранието. Ве повикувам заедно со мене, рамо до рамо, да се избориме и овој проблем да го решиме. Да направиме заедно притисок до сите оние кои го блокираат ова решение, што е во ваш интерес. Да успееме заедно да ги задржите земјоделските земјишта и да ги добиете заслужените субвениции“, истакна министерот Николовски.

Министерот Николовски и земјоделците, на средбата, заеднички одлучија да потпишат заедничка петиција, преку која се бара собраниската комисија за земјоделство, веднаш да ги  разгледа и усвои до 3 април измените во Законот за земјоделското земјиште.

Пред земјоделците министерот Николовски даде збор дека во следните два и пол месеци договорите ќе бидат продолжени, нагласувајќи дека на ова прашање секторите во министерството овие денови посветно работат со целиот капацитет.

Како министерство, овие години, сме докажале дека имаме слух за секој земјоделц, за секоја идеја, но и за секој проблем заедно имаме најдено решение. Само сложно обединети со вистината можеме да постигнеме уште поголеми резултати.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close