fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Само во Македонија: Кило ананас 67 денари – кило домати 90 денари

Домашното поскапо од увозното.

Килограм ананас во еден познат ланец на супермаркети во Скопје денеска се продаваше за 67 денари. Цената може да се каже дека е прилично ниска, но кога ќе ја споредите со онаа на доматите кои денеска беа нешто под 90 денари за килограм, не можете а да не си го поставите прашањето, „како е можно“?
Килограм ананас денеска беше исто пари како и килограм млада зелка на пример која се продаваше 65 денари.
Ананасот од некоја тропска земја до Македонија патувал и предизвикувал трошоци, но кај нас пак е поевтин од производите кои можеме и сами да ги произведуваме дома, објави press24.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close