fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Предлог-законот за вино го помина првото читање во Собранието

Целта е заштита на интересите на производителите.

обранието денеска ја заврши општата расправа по Предлог-законот за вино и констатира дека е прифатлив, како и дека може да се даде на натамошно, второ читање. Со овој закон, прв пат досега, се предвидува утврдување на производната цена на винското грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година, за најмалку две најзастапени сорти.

Како што е наведено во предложениот текст, целта е заштита на интересите на производителите.

Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет согласно дадена методологија ќе ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството.

-Основна цел за донесување на законот е неговото усогласување со новите правила на ЕУ и воведување нови производи: органско вино, ароматизирани вински производи. Покрај тоа, делот на законот кој се однесува на класификација на вина, производство, означување и заштита на вина со географски назив ќе претрпи сериозни измени со цел да се усогласи со регулативите на ЕУ, а виното со потекло од Република Северна Македонија да се заштити на пазарите на ЕУ уште пред земјава да стане земја-членка. Предложените решенија особено имаат за цел да се зголеми и олесни извозот на вино и производи од вино на пазарот на ЕУ, како најголем извозен пазар за македонско вино, стои во Предлог-законот.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close