fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Анима Мунди: АХВ да ја исфрли одлуката за убивање на кучиња со лишманија

Бараме АХВ итно да ја измени Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2024 година и исфрли одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија! Информираме дека но во ниту една друга наша соседна или ЕУ држава не е задолжително тестирањето на бездомните животни за лишманија и дека ниту една друга држава не предвидува мандаторна смртна казна на кучињата, освен во Македонија, лулка на безредие и суровост

Анима Мунди бара од Агенцијата за храна и ветеринарство да ја укине одлуката со која се дозволува убивање на бездомни кучиња кај кои ќе се утврди лишманија.

-Нема да дозволиме АХВ да убива кучиња! Бараме АХВ итно да ја измени Годишната наредба за здравствена заштита на животните за 2024 година и исфрли одлуката за убивање на секое бездомно куче кај кое се детектира лишманија! Информираме дека но во ниту една друга наша соседна или ЕУ држава не е задолжително тестирањето на бездомните животни за лишманија и дека ниту една друга држава не предвидува мандаторна смртна казна на кучињата, освен во Македонија, лулка на безредие и суровост.

Информираме дека до АХВ, директорот Бабовски, министерот на МЗШВ доставивме барање за итна измена на истата, заедно со прилог од научни истражувања, анализи, факти и препораки од светски научници од областа, образложенија зошто еутаназијата на овие кучиња е неоправдлива, ирационална и штетна од здравствен, етички и економски аспект. Не им е гајле.

Во повеќе наврати бараме средба на што немаме ниту одговор, иако сме репрезенти на сериозна бројка граѓани кои најостро се противат на ваквата суровост и самоволие. Доколку нема интерес и начин ова прашање да биде решено хумано и конструктивно, нашите барања ќе ги застапуваме пред институцијата, на улица. https://nezavisen.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close