fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

МЗШВ: Вистината наспроти лагите на Трипуновски

До 2016 година ниту една набавка на униформи, во 2020 набавени 400 комплети униформа за шумската полиција и за 30% зголемена плата на шумските полицајци

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во интерес на точно информирање на јавноста повторно демантира уште една лага пренесена од дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски, овој пат во врска со шумската полиција.

Лага е дека денес шумската полиција е во катастрофална состојба, а вработените немаат униформи за работа. Она што е вистина е дека токму од 2017 година започнуваат вистинските и сериозни вложувања за подобрување на условите во кои работат шумските полицајци, како и подобрување на нивните права.

 Имено, фактичката состојба е следната: 

 Платата на шумската полиција е зголемена за 30% и редовно се исплаќаат сите додатоци на плата, а вработените добиваат и годишен регрес. Само за споредба, платата на еден шумски полицаец во 2016 година изнесувала 19.000 денари, додека во 2024 година платата на еден шумски полицаец, заедно со додатоците на плата за празнични и ноќни часови изнесува 44.000 денари.

После 13 години, со средства од националниот буџет во 2020 година набавени се нови 400 униформи за припадниците на шумската полиција. Споредбено со перидот до 2016 година, ваква набавка не е ниту планирана, ниту извршена. Дополнително, во 2022 година како донација од Италијанските Карабинери за потребите на македонската шумска полиција пристигнати се над 46.000 парчиња униформи, мантили, кошули, елеци, џемпери, маици, чизми, ранци, кабаници и друга дополнителна опрема во вредност од 4,2 милиони евра.

 За прв пат во 2018 година се отпочна со уредување и опремување на работните канцеларии на шумската полиција, набавувајќи нова опрема и канцелариски мебел. За разлика од приодот до 2016 година, денес секоја полициско шумска станица е обзезбедена со интернет врска.

 Шумската полиција денес е опремена, со мотивирани и почитувани вработени, кои заедно со припадниците на МВР во заедничките акции водат успешна борба против бесправната сеча на нашите шуми. Па така, само за периодот од 2020 до 2023 година поднесени се над 6.000 прекршочни и кривични пријави до надлежните служби и изречени се над 3.100 правосилни пресуди. Привремено се одземени над 10.000 метри кубни дрвна маса од огревно дрво, трупци и друго техничко дрво. Одземени се 248 товарни возила, 1.009 патнички моторни возила, 112 трактори, над 400 приколки и запреги, 471 моторни пили, 122 рачни пили и над 400 секири и друга опрема за сечење дрва.

 Ова се фактите, ова е вистината. Сите овие години работиме посветено и одговорно, вложувајќи во сите области на министерството. Нашите вложувања, мерки и политки даваат значителни резултати.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close