fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Трипуновски – Без сточен фонд земјоделството сѐ повеќе изумира

Трипуновски беше на средба со земјоделците од Зубово, општина Ново Село.

Заменик дополнителниот минисер за земјоделие Цветан Трипуновски беше на средба со земјоделците од Зубово, општина Ново Село.
Разговаравме за сите актуелни теми поврзани со земјоделството, се изнаслушав само проблеми, без ниедна пофалба за некоја мерка или програма. Земјоделците се пожалија за задоцнетите и неисплатени субвенции, за лошиот нов метод за исплата на субвенциите и голем дел од земјоделците нема да ги земат дополнителните 70%, системите за наводнување не функционираат, а намален е и сточниот фонд што е директен показател дека земјоделството сѐ повеќе изумира како гранка во Македонија.
Потребно е да се зголеми грижата за македонските земјоделци и да се работи посветено на подобрување на условите во земјоделскиот сектор. ВМРО-ДПМНЕ има план и програма која што ќе биде во корист на сите земјоделци бидејќи ние вистински се грижиме за нив.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close