fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев – Од новата влада да се иницира измена на Законот за тутун

Економски прифатливи цени за тутунот со кои би оствариле економска оджливост се 600 денари за прва класа, 500 денари за втора класа и 400 денари за  трета класа. 

Почитувани тутунопроизводители

Во организација на Националната земјоделска мрежа на 09.03.2024 год во Прилеп се одржа трибина на која се разговараше за овогодишните понудени цени за тутун од страна на откупните фирми. Од одржаната трибина присутните тутунопроизводители излегоа со заеднички став, а тоа е дека понудените цени се апсолутно неприфатливи за нас тутунопроизводителите. Односно минимално економски прифатливи цени со кои би оствариле економска оджливост се 600 денари за прва класа, 500 денари за втора класа и 400 денари за  трета класа.  Се под тие цени за нас се неприфатливи и не водат во директна загуба. За жал откупните фирми и понатаму ја злоупотребуват својата монополска позиција која им ја нудат последните измени во Законот за тутун на штета на нас тутунопроизводителите. Поради сето тоа се донесе заклучок после формирањето на новиот парламент да се иницира измена на законот за тутун преку процес на формирање парламентарна група, а паралелно на тоа да се оспори уставноста на Законот за тутун пред Уставен суд пред се поради дискриминаторската позиција на откупните фирми во однос на нас тутунопроизводителите како еден од трите социоекономски партнери согласно законот за тутун.

Ѓорги Каракашев-Националната земјоделска мрежа

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close